ФОТО: Меси сакал да се тепа со играч на Сити - Тројца го држеле да го одвратат

Еден од најдобрите играчи на фудбалската игра во историјата и верјатно најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси поминува низ чуден период. Малку фалело ѕвездата на Барселона да се степа со играч на Манчестер Сити, по завршување на  дуелот на „Итихад“. Аргентинецот погоди за водство на каталонскиот гигант од 1:0, но „граѓаните“ направија пресврт и на крајот славеа со 3:1.

mesi

По завршување на средбата, еден играч на Манчестер Сити, чие име не се спомнува, решил да испровоцира Меси и го нарекол „глупак“. Тогаш Аргентинецот здивел и буквално сакал да се тепа. Дури се обидел да влезе и во соблекувалната на домаќините, но бил спречен благодарение на неговиот соиграч од репрезентацијата Серхио Агуеро.

Пред десетина дена, Меси имаше и вербална расправија со навивачите на Валенсија кои со шишиња кон играчите на Барселона, на дуелот одигран на „Местаља“.

Коментари

Популарно