(ЕМОТИВНО ВИДЕО) Роналдо “разбуди“ детенце кое било во кома 3 месеци

Најдобриот играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо имаше емотивна средба со полскиот тинејџер Давид Павлачик, кој помина три месеци во кома, а се разбудил во моментите кога португалскиот голгетер постигнал погодок.

ronaldo-640x419

Роналдо се сретнал со семејството на малиот Павлачик и сите тие му беа специјални гости на дуелот против Легија.

Тинејџерот кобната несреќа ја имало во 2013 година, кога возејќи велосипед, бил удрен од автомобил. Давид тогаш паднал во кома и цели три месеци не се разбудил, се додека не слушнал коментаторот како реагира на гол кој го дал Португалецот.

Сега Давид имаше можност и во живо да се запознае со својот фудбалски идол.

Коментари

Популарно