ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Стартот по кој се стравуваше дека Ван Перси остана без око

Откако синоќа се појавија страотни информации за повредата на холандскиот фудбалер Ван Перси, денеска докторот на екипата на Фенербахче ги смири страстите.

robin-1

Првичните шпекулации беа дека би можел да остане без видот на левото око, но докторот на турската екипа го потврди спротивното:

„Ван Перси доби удар во окото, кое му искрвари и сите помислија дека се работи за посериозна повреда. Тој беше пренесен на детални прегледи, кои утврдија дека неговото око е во ред и дека не се работи за тешка повреда. Моравме да го чекаме возилото за итна помош, а доколку ситуацијата беше посериозна, неговото око ќе беше далеку полошо“.

Ова се добри вести за екипата и за самиот Ван Перси, кој на 33 години е еден од подобрите напаѓачи во турското првенство.

Коментари

Популарно