Ова е првиот соларен штекер кој се полни на прозорец

Оваа иновативна алатка им помага на корисниците да си ги наполнат своите уреди користејќи соларна енергија директно од прозорецот.

e1478946093931

Оваа иновативна алатка им помага на корисниците да си ги наполнат своите уреди користејќи соларна енергија директно од прозорецот. Првиот штекер кој обезбедува енергија директно од сонцето е изум на двајца студенти на академијата за уметност и дизајн на Самсунг во Сеул.

Едната страна на алатката содржи соларен панел, а на другата пак се се наоѓа излезот преку кој можете да ги наполните вашите уреди. Во внатрешноста е инсталирана батерија.

2-e1478946073821

Дизајнот кој е доста паметен и корисен беше презентиран на Global Grad Show of Dubai Design Week во октомври годинава.

Иако на корисниците веќе некое време им се познати различни видови на соларни панели, како и на мобилни уреди за полнење (power banks), соларниот штекер ќе им овозможи мобилност и за некои поголеми уреди кои инаку би немало каде да ги наполнат или вклучат. Оваа алатка е сосема лесна, мала и практична за употреба.

3-e1478946083239

„Штекерот за прозорец овозможува уреден начин за акумулирање на соларната енергија и нејзино користење. До сега биле презентирани решенија кои служат како резервна соларна батерија, но ниту едно ккое ќе се користи директно како напојувач. Соларниот штекер е со едноставен дизајн, се прикачува на било кој прозорец и си ја врши работата непосредно“ – изјавуваат дизајнерите.

Соларниот штекер бил направен со цел да биде универзално компатибилен. Откако истиот ќе се прикачи на прозорец, мини соларните панели кои ги содржи почнуваат да ја пренесуваат соларната енергија до батеријата инсталирана внатре која понатаму ќе ги напојува вашите електронски уреди.

Истиот има широка употреба и служи за места каде напојувачите на енергија се наоѓаат ретко. Може да ви послужи при долги патувања, недостаток на електрична енергија, кампување и слично. Потребни му се од пет до осум часа за целосно да се наполни, а наполнетата батерија е со трање од десет часа.

Бидејќи е изработен само прототипот, се’ уште нема информација за цената и достапноста. Дизајнерите велат дека моментално работат на тоа да го зголемат капацитетот на соларниот штекер и да го намалат времето кое му е потребно за полнење. И покрај тоа што овој изум е во својата почетна фаза, овие студенти докажуваат дека еколошка иновација е секогаш возможна.

Коментари

Популарно