Трагедија во катната гаража „Солунски конгрес“ во Скопје

Трагедија се случи во Скопје во катната гаража „Солунски конгрес“. Мајстор за лифтови кој бил повикан да го одглави лифтот, паднал од осми спрат синоќа во 17 часот и 30 минути. Тој во еден момент додека работел, се лизнал и паднал од големата висина на бетонски под.

parkinzi-7

Мајсторот бил веднаш пренесен во болница во безсознание, каде и покрај напорите на лекарите починал поради сериозноста на повредите.

Коментари

Популарно