Поради гласна музика затворен познат угостителскиот објект во Скопје

Овластениот инспектор за животна средина при општина Карпош со асистенција на полицијата денеска го запечати угостителскиот објект „Сокаче“.

inspektort

Како што информира општина Карпош, затворањето е поради девет мерења и константно надминување на максимално дозволеното ниво на бучава, како и постојаните поплаки од граѓаните.

Овластениот инспектор за животна средина при општина Карпош почнал постапка и извршил инспекциски надзор на 14, 15 и 16 јануари годинава, како и мерење во ноќните часови на ниво на бучава од угостителскиот објект „ШПАТО СОКАК“ ДООЕЛ, лоциран на улицата „Драган Ѓаконовски –Шпато“ бр.3 за кои има и записник. Мерењата ги извршувала фирмата „ЕУРОМАК КОНТРОЛ“ ДООЕЛ од Скопје. При повторна пријава од граѓаните, извршени биле мерења на ниво на бучава на 29 и 30 јануари, како и во два наврати во февруари и март годинава.

– При сите девет мерења во изминатиот период, согласно законската регулатива, овластен инспектор за животна средина доставуваше прекршочни платни налози за сторен прекршок во висина од 225 евра за правниот субјект и одговорното лице 67,5 евра. Тие беа испраќани и примени од правниот субјект, но во законскиот рок од осум дена не беа платени, се вели во соопштението од општина Карпош.

Коментари

Популарно