ВИДЕО: Гвардиола со порака до неговите фудбалери – Имајте повеќе секс!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола синоќа имаше прес конференција, на која главна тема беше „забраната за секс“ од страна на тренерот.

pep_guardiola_things_2

Инаку, за „забраната за секс“ проговори фудбалерот Самир Насри во едно интервју.

Иако претставниците на Манчестер Сити се обидоа да го спречат новинарот да постави прашање во врска со таа тема, Гвардиола во негов стил го охрабри: „Давајте! Станува збор за Самир Насри, за сексот, нели тоа сакате да прашате?”.

Но досетливиот новинар му упати директно прашање на тренерот .

Тренерот беше запрашан дали сам го почитува правилото за „никаков секс по полноќ”.

Гвардиола на ова одговори: „Невозможно е да играш добар фудбал, ако немаш секс. Никогаш не би направил такво нешто, треба да направат повеќе. Колку повеќе секс, толку подобри играчи ќе бидат.”

Коментари

Популарно