МНР потврди: 36- годишна велешанка пронајдена мртва во Лондон

Резултатите од обдукцијата треба да кажат од што настапила смртта.

london-740x416

Се подготвуваат документите за транспорт на посмртните останки на Билјана З. од Лондон во Македонија, јавува Дума. Триесет и шест годишната девојка била пронајдена мртва во станот во кој живеела. Амбасадата на Македонија во Велика Британија посредува во постапката и му помага на овластеното лице од семејството на починатата. Штом се заврши со прибирањето на сите потребни документи и се обезбедат сите протоколи, посмртните останки ќе бидат пренесени во државава, рекоа од Министерството за надворешни работи.

Засега не се знае од што настапила смртта кај девојката. Тоа ќе треба да го покажат резултатите од обдукцијата.

- Ова е трагедија како за семејството така и за починатата девојка - велат неколкумина велешани кои го познаваат семејство и Билјана.

Девојката петнаесет години живеела во Лондон и работела како медицинска сестра. Таа често доаѓала дома, во Велес. Пред еден месец нејзиниот татко бил во Лондон кај неа. Семејството секојдневно контактирало со Билјана на телефон или интернет. Родителите откако не успеале во понеделникот да се слушнат со неа побарале помош од нејзини пријатели во Лондон кои потоа им ја соопштиле трагичната вест.

Коментари

Популарно