На повидок е најскапиот и највалканиот развод во Холивуд?

Комичарката и водителка Елен Деџенерис и актерката Порша де Роси се на работ од развод. За нивниот развод се зборува веќе некое време, а „неволјите во рајот" ги предизвикале наводно пороците на славната Елен.

435664-na-povidok-e-najskapiot-i-najvalkaniot-razvod-vo-holivud

“Постојано се расправаат поради проблемите на Елен со алкохолот, бесот и расипништвото", откриваат блиски пријатели на парот. Ако дојде до развод, многумина претпоставуваат дека тоа ќе биде еден од највалканите, но и најскапите разводи во Холивуд. Тоа и не е за чудење, со оглед на фактот што имотот на познатата водителка се проценува на 345 милиони долари.

Милионите на сметката, ја направиле познатата водителка неподнослива, а своето незадоволство најмногу го искажувала кон Порша, инаку ѕвезда во популарната серија „Ally McBeal", со која е во брак веќе осум години.

“Порша многу сака семејство и деца, но Елен не сака ни да слушне. Елен е опседната со контролирање на нивниот живот и кариера, а Порша повеќе не може да го трпи тоа", открил близок пријател на парот за InTouch Weekly.

Бракот им е на раб на развод, а иако веќе со месеци се зборува за тоа, овој пат тоа навистина ќе го направат, додал добро упатениот извор.

Коментари

Популарно