Што дрнда Заев, велепредавникот?

По две години политичка криза, прислушкувања, „бомби“, пучови, фарбање споменици и институции, потпишување неуставни договори во Пржино, СЈО и каков се не циркуз, започна предизборната кампања на партиите. Очекувано, и двете опции се нудат пред народот како единствени спасители на Македонија. Едните ќе не спасуваат од „криминалната банда“, а другите од федерализација. За нешто повеќе од 10тина дена народот, конечно ќе одлучи на кого ќе му дозволи да ја води држвава во наредниве 4 години, а кого ќе закопа во историјата. Бидејќи, поразениот, колку и да се труди да се спаси, спас му нема.

20161127192500

Кампањите и митинзите почнаа. Сите политички партии ги спрегнаа своите најбслики симпатизери и ги развозија низ државава. За 20тина дена ќе набилдаат километража како два пати да ја минале Европа. Како фанови на фудбалски тим, ќе веат знамиња, во транс ќе навиваат за својот лидер и ќе свират кога ќе се спомне омразениот противник. Зошто? За ситни пари, сендвич и ветување дека по 11 Декември ќе добијат некоја подобра функција. Веќе видено. И на бината ништо ново. ВМРО ДПМНЕ со обемна програма(ветувања) и величење на сработеното, СДСМ со памфлет (наводно украден од српска партија) и негативна кампања против „режимот“. Во моменти кога на цел сел свет му е јасно дека со победата на Трамп, ќе се менува уредувањето на светот, кај нас ништо ново. Пак истите муабети за добри и лоши, предавници и патриоти, криминалци и светци.

Единствената разлика од минатите неколку изборни кампањи и оваа е што СДСМ на чело со Заев, отворено тргна по гласовите на Албанците со ветување на двојазичност на целата триторија на Македонија. Не знам кој го советувал дека тоа ќе им донесе победа или некој глас повеќе, но знам дека го излажал. Досега и Заев требаше да сфати и веројатно сфатил, бидејќи на митингот во Аеродром пред некој ден „вети“ дека двојазичноста нема да го промени македонскиот Устав! Ок, дека градоначалниот на Струмица има сериозен проблем со менување на ставови и лажење, знаеме одамна и немаше да пишувам на темава ако пред некој ден не прочитав колумна од еден Албанец чиј наслов го „украдов“ за мојов текст. Во текстот „Што дрнда Заев, велепредавникот“ извесниот Агим Јонуз (без намера да го омоловажам, стварно не знам кој е ликов, а гледам го има по медиуми) дека двојазичноста и се што промовира Заев во кампањата се одлични потези. Единственото што му замерува е дека истите се задоцнети! Сите кои не се сложуваат со тоа, Агим ќе ги оцени како глупи.

Во одбрана на двојазичноста, вели дека секој треба да ја осети Македонија како своја земја! Ок, друже. Ама во Македонија не живеат само два народа! Како тоа двојазичноста ќе направи Турците, Србите, Ромите... да ја чувствуваат Македонија како своја земја? Се повикуваш на мултиетничкиот карактер на Македонија, а всушност зборуваш за зголеување на правата на само еден (својот) етникум, на сметка на друг. Друго што ме интересира, како тоа оние Албанците ќе ја чувствуваат Македонија како своја држава, ако во Берово, каде нема Албанци се зборува на Албански? Ти треба нешто нерационално, за да се осеќаш ко дома? Си седиш дома навчер во двојазичен град и многу ти е тешко што во Гевгелија, каде нема Албанци не се зборува Албански?! Види и во Шангај, Москва, Берлин, Лондон, Мајами, Лима.... не се зборува Албански! Тешко ти е ради тоа? Пошо и таму нема Албанци!

Ако сакаш да ја чувствуваш Македонија како своја, како дом, почни да се однесуваш така. Место да тресеш зелени и да навредуваш секого кој не мисли ко тебе, размисли рационално. Дали двојазичност на цела териоторија е воопшто потребен потег? Дали со тоа навистина ќе тргнеме напред или уште толку ќе се влоши меѓуетничката ситуација? Или не ти е гајле? Ти текстот го напиша за да собереш некој поен кај своите, исто како поранешниот новинар која сега е на изборна листа на СДСМ, Мухамед Зекири. Глумите демократи, големи луѓе, а всушност се ситни профитери и тешки националисти. Кога ли ќе прочитам текст од Албанец како вас, кој ќе побара нешто добро за Македонците или барем ќе ги искритикува Албанците? Не само со реченица „не се Албанцит цвеќе за мирисање“, туку со аргументи и факти за фактичка состојба. Еве на пример за неплаќање струја или за држава во држава во Кондово, Грчец, Арачиново... Избери бе другар, има многу теми. У меѓувреме, на 11ти Декември народот ќе ти каже што мисли за двојазичноста, а ти пак заканувај се со „тишина“ потоа.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно