Мириса на машка пачавра

Еј мажи! Или подобро да ви се обратам со еј, пачаври. Мириса на машки пачаври. Да, тоа се женети пачаври кои се пуштаат на оние слободните женски персони.

444717-bar-area-dating-hotel-flirting-night-indoors-drinking-getty-images-large_transnjjoebt78qiaydkjdey4cngtjfjs74myhny6w3gnbo8

Да ве прашам јавно како јавно веце. Што ќе ја научите вие таа жена? Ќе ја научите да живее во заблуда, како да се смири после вашето заминување, ќе ја научите да верува во вашите ветување за развод од сопругата. Е стварно сте трагикомични. А каков пример им давате на вашите деца? На вашите синови им давате пример во какви прото типови ќе израснат, а вашите ќерки ги предупредувате од таквите пачаври кои ја демнат секоа жена. Иста финта, нова жртва. Има такви паметно празни, но има и интелектуалки. Е тие ќе ви го расплачат мамичето. Ако седи сама на шанк, не значи дека треба да и го ебеш остатокот од животот. Не дека овој текст ќе промени нешто. Чисто да се слушне за вас.Ќе поминат уште многу бркотници со дечковците на вашите љубовници, ќе поминат уште многу утра што ќе ве донесат до сопствениот брачен кревет. Но ќе се најде некоја која ќе ве заплетка во сопствената мрежа. Затоа што меѓу мачките како што милувате да ги нарекувате , има и волчици кои ја играат вашата игра , но со нејзино сценарио за завршетокот Само така ќе се искорени она исконското во вас. Ќе се искорени тоа што ве тера да посегнете по секоја женска сукња. Затоа бакнете ја сопругата, за да не го почувствувате бакнежот на туѓа женска ташна.

Испратено од Блогерката со новите патики

Коментари

Популарно