Еден од преживеаните играчи на Шапекоенсе ќе може да игра фудбал

elio-zampier-neto-777x437

Елио Зампиер Нето, еден од тројцата преживеани играчи на Шапекоенсе, повторно ќе може да игра фудбал. Оваа вест ја открил неговиот татко по разговор со докторите кои утврдиле дека природата на повредите не е дотолку сериозна.

„Можам да потврдам дека мојот син се опоравува се подобро и подобро. Докторите ги оперираа неговите нозе и ме уверија дека повторно ќе може да игра фудбал“, се зборови на таткото на Нето што ги пренесува шпански „Ас“.

Искусниот дефанзивец на Шапекоенсе беше последниот извлечен преживеан од урнатиот авион во околината на Меделин. За среќа, 31 годишниот фудбалер не добил згрутчување на крв во мозокот по трагичниот настан во ноќта меѓу понеделникот и вторникот во Колумбија во кој животот го загубија 19 фудбалери на бразилскиот прволигаш, членови на стручниот штаб, на раковдството на клубот и претставници на медиуми.

Коментари

Популарно