Дали врската на Роналдо со продавачката во „Гучи“ е онаа вистинската?

ronaldo-guci01

Изгледа дека португалската фудбалска звезда, Кристиано Роналдо повторно има љубов. Пред неколку дена е снимен во парискиот „Дизниленд“ со новата девојка, 21-годишната балерина и продавачка во „Гучи“ во Мадрид, Георгина Родригез, а потоа и на концерт на поп-ѕвездата Џастин Бибер во Мадрид.

ronaldo-guci02

По убавото поминато време заедно, секој им се вратил на своите обврски - Роналдо во својот клуб Реал Мадрид, а Георгина во продавницата на „Гучи“, каде што наводно немала да остане уште долго, бидејќи поради медиумското внимание не можела нормално да ја извршува својата работа.

Иако Ронлдо во „Дизниленд“ се трудел да биде непрепознатлив и се маскирал со помош на перика и големи очила за сонце, го препознале и снимиле како разменува нежности са младата балерина и продавачка во „Гучи“ во Мадрид.

Инаку иако во половината на септември шпанскиот таблоид „Corazón Czn“ објави дека португалскиот фудбалер и играч на Реал Мадрид е во врска со бившата Мис на Шпанија, Десире Кордеро, се чини дека таа врска и немала долг век. На последната насловница на шпанското списание „Хола!“ се наоѓаат ексклузивни фотографии и приказна за љубовта на Кристијано Ронлдо. Според пишувањето на шпанскиот магазин, Роналдо и Георгина во врска се веќе три месеци.

ronaldo-guci03

ronaldo-guci04

Коментари

Популарно