4 работи кои влијаат на здравјето на очите

Заспивање со контактни леќи

oci-leki

Иако постојат и типови на леќи кои од FDA се одобрени да се носат и додека спиете, оптометристите велат дека тоа може да е ризично. Според некои студии ризикот од развивање на корнеален улцер е 10 до 15 пати поголем кај оние кои ги носат леќите постојано, отколку кај оние ги носат само денски. Со носење на леќи за време на спиењето, рожницата се изложува на помалку кислород што е може да предизвика инфекции и развивање на бактерии.

Доколку се случи да заспиете со леќи (особено со онакви кои не се наменети за тоа), не ги вадете веднаш, бидејќи доколку окото ви е суво, постои опасност заедно со леќата да го извадите и горниот слој од рожницата. Почекајте 20 до 30мин. и мокрете ги леќите со вештачки солзи пред да ги извадите.

Допирање и триење на очите

trienje-oci

Доколку се случи да ве чешаат очите и морате да ги протриете, внимавајте очните капаци да ви се затворени и да ја допирате само надворешноста на окото. Внимавајте и да не триете пресилно, бидејќи тоа може да доведе до пукање на крвните садови и воспалување.

Уште една причина да не ги допирате очите директно е опасноста од пренесување на бактерии од рацете врз влажната мембрана која ги заштитува, бидејќи таа нуди одлични услови за нивно растење.

Целодневно (и ноќно) гледање во екран

smartphone2

Екраните на компјутерите, таблетите и смартфоните емитираат сина светлина, за која некои доктори сметаат дека е штетна како и ултравиолетовите сончеви зраци. Покрај тоа, фокусирање на било што со часови може да предизвика главоболки и на замор на очите.

Доколку веќе сте обврзани (ради работа или нешто друго) подолг временски период да гледате во екран, следете го правилото 20-20: за секои 20 минути гледање во екран, направете пауза од 20 секунди и за тоа време гледајте во далечина, фокусирајќи го погледот на нешто друго, и постојано трепкајте.

Заспивање со шминка

spienje

Ова може да доведе до иритација на кожата, акни, па дури и до болни испакнатини кои можат да се појават на и околу очните капаци. Тука спаѓаат и вештачките трепки, чие лепило може да влезе во рожницата и да доведе до нејзино воспалување.

Коментари

Популарно