ВИДЕО: Го преживеа падот на авионот, застана на нозе и се обрати на светот со трогателна порака!

Преживеаниот фудбалер на Чапекоенс, кој беше на позајмица од Интернасионал, Ален Рушел, успешно закрепнува од последиците од повредите здобиени за време на авионската трагедија во Колумбија, во која на 29 ноември настрада скоро целиот тим на бразилскиот клуб.

Тој е еден од шестмината преживеани и имал неверојатана среќа.

Неколку дена по несреќата веќе е на нозе, а испрати и видео порака од болницата.

-Здраво на сите во Бразил и целиот свет. Го следевте моето закрепнување. Јас сум Алан Рушел. Сакам да ви кажам дека моето закрепнување тече добро и наскоро ќе се вратам во Бразил каде ќе продолжам со терапиите. Ви благодарам на сите за силата која ми ја давате низ молитивите, за топлината и добрина која ја почувствував. На сите од срце ви благодарам- рекол Рушел.

Коментари

Популарно