Е адитиви во храната – колку се штетни и што означуваат

Адитивите ги среќаваме во преработената храна.

Бои, засладувачи, регулатори на киселини, емулгатори, конзерванси сите овие се адитиви кои најчесто се обележуваат со буквата Е и некаков број до нив.

Сево ова ни е познато, но дали знаете кои од нив се штетни а кои не?

Е100 – Е199

Претставуваат бои односн адитиви кои се додаваат за да ја сменат, засилат или подобрат бојата на месото, откока веќе истото поминало низ некаква преработка.

Освен за месни производи најчесто се користат за газирани пијалоци и десерти.

Боите можат да бидат природни или синтетички, а многу истражувања ги поврзуваат со појавата на карцином.

Е200 – Е299

Ова е ознака за најштетните адитиви односно конзервансите. Тие се додаваат за до спречат расипувањето на храната, да г продолжат нејзиниот век на трајност.

За нивната употреба постојат правилници бидејќи прекумерната употреба е многу штетна за организмот.

Е300 – Е399

Овие адитиви се наречени уште и антиоксиданти. Најпознати се лимоновата киселина и витаминот Ц.

Нивна цел е спречување или забавување на процесот на оксигенеација а со тоа продлжување на рокот на траење на храната.

Е400 – Е499

Тука спаѓаат згуснувачите, емулгаторите и стабилизаторите кои всушност имаат за цел да ја направат храната похомогена, да ја засладат, да ја направат поароматична и повкусна.

Е500 – Е599

Тоа се адитиви кои ја регулираат киселоста на храната и најчесто се користат за продолжување на векот на храната односно го забавуваат развојот на микроорганизмите и на тој начин го продолжуваат рокот на употреба на храната.

Е600 – Е699

Овие адитиви се најштетни и би требало да одбегнувате храна кој ги содржи истите.

Тие се користат за да се засили или нагласи природниот вкус на преработената храна и најчесто ги има во мешанитезачини, грицки, супи и слично.

Коментари

Популарно