(ФОТО) Се омажи една од нашите најубави пејачки: Македонското девојче блесна во бело! 08.12.2016 | 11:19

Рипна во тавче и една од најубавите македонски пејачки, која ни повеќе ни помалку се омажи со свој колега.

Неодамна во брачните води заплови прекрасното македонско девојче Елена Андоновска, која имено важи за еден од најквалитетните вокали на македонска изворна музика.

Елена е соло пејачка во народниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“, додека нејзиниот избраник е Марјан Андоновски кој пак е член на групата „Седенка“.

Невестата блесна во тесна венчаница од младата дизајнерка Пепика Јованова, а пак младоженецот се одлучи за младешка елегантна комбинација од светол костум.

На веселбата присуствуваа доста музичари, а како изгледаа младите гледате во продолжение:

Коментари

Популарно