Кои жени сакаат поголем, а кои помал мапки „алат“?

Жените навистина сакаат големи пениси, барем кога станува збор за секс за една вечер или врски кои, барем на почетокот, не се сигурни дека ќе прераснат во нешто повеќе.

Во студијата во која е во потесен избор за најбизарни во историјата на научни студии, учествувале 75 жени на кои научниците им изложиле 3D модели на пениси во сина боја, за работата да биде уште почудна, и од испитаничките се очекувало да ги одберат своите „фаворити“. Моделите, секако, биле со различни димензии.

Истражувањето кое било спроведено во соработка со Универзитетот во Калифорнија и Универзитетот во Ново Мексико, е првото во кое преференците на жените се тестирани во 3D модели, а не со помош на дводимензионални слики.

Од испитаничките се очекувало добро да ги проучат понудените модели, а потоа требало да се изјаснат која би била идеалната големина на мажот со кој би биле во долга врска, а која би требало да ја има партнерот за „опуштена“ комбинација. Се испоставило дека очекувањата се разликуваат. Кога станува збор за постојан партнер, посакуваните димензии биле 16 сантиметри должина и 12.2 сантиметри во обем, но кога се работело за секс за една вечер, очекувањата и апетитите (очигледно) малку пораснале: 16.5 сантиметри должина и 12.7 во обем.

Ако можеме да му веруваме на научното толкување на резултатот, станува збор за тоа што жените ги одбираат партнерите за долга врска пред се` врз основа на интелигенцијата, додека физичкиот изглед не е примарен, а упориштето за ваквото објаснување е во фактот дека големината на пенисот е во врска со нивото на тестостеронот, кој воедно влијае и на тоа колку мажот ќе му биде привлечен на спротивниот пол.

Коментари

Популарно