КОНЕЧНО: Момчето со дрес од кеса го запозна Меси! (ВИДЕО)

Фотографијата од шестгодишниот Муртаз Ахмади го освои интернетот уште во јануари оваа година, а на неа малиот фан на Аргентина носи дрес направен од кеси, бидејќи немал пари за вистински дрес.

Тимот на Барселона моментално се наоѓа во Катар, каде треба да одигра пријателски натпревар со Ал Ахли, а момчето ќе излезе на терен со Меси.

Момчето со своето семејство морал да го напушти Авганистан и да се пресели во Пакистан во мај. Погледнете како помина оваа симпатична средба меѓу големиот фан и неговиот идол...

Коментари

Популарно