Грешки заради кои немате младешка, затегната и мазна кожа

Луѓето имаат тенденција да ја поврзуваат убавината само со надворешниот изглед, но и тој зависи од тоа колку се грижите за вашата внатрешност и целото тело.

Доброто здравје, виталноста и животниот стил многу влијаат на тоа колку кожата однадвор ви изгледа бебешки мазна.

Затоа треба да избегнувате неколку работи:

Недоволен сон

Ако не спиете доволно, тоа дефинитивно ќе се одрази на вашето лице. Сонот стимулира проток на кислород во кожата, па прави да изгледа затегната. Според едно истражување објавено во „British Medical Journal“, луѓето кои спијат доволно и се активни изгледаат поздраво и поатрактивно.

Долго седење

Оние кои се научени почесто да седат во текот на денот, наместо да се движат, барем 30 минути, имаат помалку здрава кожа.

Константно сте под стрес

Според истражувањата спроведени на Универзитетот во Калифорнија, ако дозволувате стресот да биде дел од вашиот живот, тоа негативно ќе влијае на вашето здравје и прави да изгледате постари отколку што се. Затоа, опуштете се, земе длабок здив и решавајте ги проблемите еден по друг.

Спиете со шминка

Шминката ја суши кожата и прави да изгледате постари.

Користите заштитна UV крема само кога сте на плажа

Кремите за сончање најдобро е да ги користите во текот на целата година, не само додека сте на плажа и се сончате, бидејќи штетните UV зраци предизвикуваат брчки на кожата.

Не се грижите за лицето

Најпрво на лицето се појавуваат брчки, посебно на очите. Затоа, навреме започнете да се грижите за кожата на лицето.

Пиете премногу газирани безалкохолни пијалаци

Високата количина на шеќер и калории предизвикуваат предвремено стареење. Едно истражување направено на Универзитетот во Калифорнија покажува дека пиењето на газирани пијалаци го забрзува процесот на стареење на ДНК.

Не се храните здраво

Мора да внимавате на начинот на кој се исхранувате не само за да бидете здрави, туку и за да изгледате млади и свежи.

Пушите

Пушењето на многу начини штетно влијае на кожата - ја менува бојата, го забрзува процесот на стареење и го намалува дотокот на кислород кој е најважен за кожата да биде затегната и мазна.

Коментари

Популарно