Анџелина Џоли му подготви непријатно изненадување на Бред Пит за Божиќ

Славните актери и понатаму ги пополнуваат насловните страници на светските медиуми и нивната приказна скоро да нема крај.

Поранешните сопружници Анџелина Џоли и Бред Пит продолжуваат да ги пополнуваат насловните страници на светските медиуми со различните сплетки кои си ги прават еден на друг.

Меѓу поранешните сопружници паднаа тешки зборови, но тие продолжуваат да си пакостат еден на друг.

Сепак, најсилниот удар дефинитивно го зададе Анџелина, а како што пренесуваат странските медиуми, таа продолжува со исто темпо. Имено, сега му приреди и непријатност за Божиќ кој следува.

Наместо да го помине целиот ден со нивните шест деца, Бред со нив ќе помине само четири часа.

Анџелина со децата живее во изнајмена куќа на Малибу и тука Бред ќе дојде за Божиќ, да им донесе на децата божиќни подароци и да помине со нив некое време, бидејќи Анџелина била доследна Пит да го напушти имотот на плажата откако ќе поминат тие четири часа.

Коментари

Популарно