(ВИДЕО) Мина ја воодушеви публиката со песна од Каролина

13-годишната Мина Блажев од Скопје, со освоени пет гласа од стручното жири се пласираше директно во четвртиот круг на музичката емисија „Ѕвездичките на Пинк“. После двете странски песни кои ги испеа во првите два круга, младата пејачка овој пат се одлучи за македонска песна од една од нашите најпопуларни пејачки. Таа ја отпеа емотивната „Бегај, бегај“ од Каролина Гочева, а нејзината изведба ја воодушеви и публиката и жирито.

„Како што почнавме, така и завршивме. Ова беше толку свечено и величенствено. Многу си музикална, емотивна, сè ми се допадна“, искоментира Јелена Томашевиќ, на што се надоврза времениот член во жирито, Милан Станковиќ, велејќи: „Вие од Македонија сте опасни пејачи. Секоја сезона некој растура во ѕвездичкиве. Прво беше Трајче, потоа Мартија, сега ти. Се препуштив на милите звуци и уживав во изведбата.“

За Гоца непотребно беше да се коментира такво беспрекорно пеење кое звучи совршено. Таа не можеше да ја скрие радоста од интерпретацијата на Македонката која пееше на македонски, па затоа гордо ѝ се заблагодари што им го пружи тоа уживање, а како изгледаше и звучеше сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!


Mina Blažev - Begaj Begaj by PinkoveZvezde

Коментари

Популарно