Зошто голем дел од паровите раскинуваат пред новогодишните празници?

Се подготвувате за прославата на Новата година, или можеби кроите планови за патување, кога одеднаш сите замисли се уриваат како кула од карти. Следува мрачен период кога односите со партнерот се заладуваат и неизбежниот непријатен разговор.

Таму се истураат сите наталожени проблеми, оние за кои знаевте дека се провлекуваат низ врската, и дел за кои немавте поим дека постојат. Молчаливо или со бурна караница сепак раскинувате и одеднаш на прагот пред празниците вие сте повторно сингл.

Што тргна наопаку?

Анализите покажуваат дека генерално партнерите ги фаќа паника и страв. Новата година се смета како почеток на нешто ново и големо, па дел од нив сметаат дека не се подготвени за голем чекор и животна промена. Токму од тие причини се повлекуваат.

Некои сметаат дека ова е одличен период да се раскрсти со врската која и онака е на работ и не функционира, па сакаат да влезат во новата година без обврски и да свртат нова страница.

А најголем дел пак мислат дека ќе си најдат подобра прилика, а новогодишната прослава и празничниот период се одлична можност за тоа.

Кои и да се причините, раскинувањата во овој период во годината се најбројни според истражувањата.

Да се надеваме дека ќе има помалку скршени срца, а повеќе љубов во оваа, како и во наредната година.

Коментари

Популарно