Жена се задуши во пожар во стан во Скопје

Осумдесет и двегодишна жена синоќа се задуши во пожар во својот стан на улицата „Н. Тримпаре“ во Скопје.

Бригадата за противпожарна заштита синоќа интервенирала во 01:20 часот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт од задушување од чад, а пожарот бил предизвикан најверојатно од електрична греалка.

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено на семејството за погреб.

Коментари

Популарно