НЕ издржа: Марија Шерифовиќ со провокативен одговор до Елена Кариќ

Пред еден месец се појавија приказни за наводната љубовна врска меѓу Елена Кариќ и Марија Шерифовиќ, но досега двете се воздржуваа од било каков коментар во врска со нивниот однос.

Елена Кариќ се реши конечно да проговори на таа тема изјавувајќи дека тоа е како шлаг на торта и само нека е до љубовта.

-Никогаш не демантирам, не порекнувам, се не жалам- рече Елена.

После ова и Марија Шерифовиќ побрза да каже нешто во врска со нејзините чувства и да одговори каков е нејзиниот љубовен живот.

-Љубовниот живот ми е како мирно море со тиркизна боја, прекрасен бел песок и светлоплаво небо. Да речеме дека сме на Малдивите – рекла Марија. Не се знае дали алудирала на неодамнешната посета на Елена и нејзиниот сопруг на Малдивите.

Марија раскажала и како се носи со емотивните порази.

-Кога веќе ќе дојде до нив, јас сум ОК.Она што ми е многу потешко е периодот додека се крши дали ќе има пораз. Кога ќе се преживее фактот дека љубовта исчезнува, тогаш прифаќањето на поразот е само работа на протокол – рекла Марија која објаснила дека кај емотивниот партнер ја цени искреноста и способноста да ја држи будна.

Коментари

Популарно