ГИ ЗАМОЛЧЕ „ЗЛОБНИТЕ“ ЈАЗИЦИ: Каролина се огласи за наводната тужба против Град Скопје

Пејачката преку објава на Фејсбук јасно го искажа својот став.

Град Скопје денеска соопшти дека ќе ја откаже новогодишната прослава која требаше да се одржи на плоштадот „Македонија“, со цел парите наменети за нејзината организација да бидат донирани во социјални цели.

Главна ѕвезда на новогодишната прослава на плоштадот „Македонија“ требаше да биде нашата позната пејачка Каролина Гочева која со реакција на својот официјален фејсбук профил, замолче многу злобници кои шпекулираа дека таа е револтирана поради одлуката на градот и дека наводно има намера да поднесе тужба.

Во објавата на Фејсбук, Каролина категорично тврди дека нема никаква намера да го тужи Град Скопје поради откажувањето на прославата и потенцира дека ја поддржува идејата парите да бидат пренаменети за некој на кој тоа му е потребно.

Во однос на одлуката на Град Скопје попладнево со соопштение се огласи и „Авалон продукција“ во кое беше истакнато дека доколку сите инволвирани во проектот сметаат дека не треба да бидат обесштетени, продукцијата нема намера да го тужи Град Скопје, но дека целиот случај ќе остане запаметен како историски преседан и аматеризам и тотално понижување на тоа што значи македонски артист и тоа што значи професионалност.

Коментари

Популарно