(ФОТО) Ги испеа хитовите „Коколо“ и „Пут путујем“, а потоа замина - Каде е сега Македонката од Магазин

На почетокот на осумдесетите, на југословенската музичка сцена жареше групата Магазин и сите ја препознаваа пејачката Лилјана Николовска, родум од Македонија со тогашна адреса во Сплит.

Таа ги испеа најголемите хитови на оваа група „Коколо“, Све би секе љубиле морнаре“, „Пут путујем“...

Лилјана во групата беше 8 години, и многумина ја сметаат за најдобар вокал на Магазин.

На почетокот на деведестите Николовска се досели во Америка и се омажи за музичарот Пит Мазиќ, со кој има син.

Лилјана со својот сопруг во Сан Педро, во Калифорнија поседува студио во кое снимале бројни музичари.

Нејзините слики многу ретко може да ги видите на Фејсбук, а вака изгледа сега Николовкска која има 52 години.

Коментари

Популарно