Зошто некои пушачи добиваат рак, а други не?

Сите пушачи се свесни дека со секоја запалена цигара се зголемува ризикот од настанување на ракот на белите дробови, но многу од нив, за среќа, доживуваат длабока старост. Како е тоа можно?

Од друга страна, ги има и оние кои заболуваат по значајно помалку време коешто го поминале како пушачи, пишува „Нешенел џеографик“.

Американските научници ги интересирало поради што е тоа така, па спровеле истражување кое покажало дека во тоа голема улога игра генетиката.

Имено, тие веруваат дека пушачите кои живеат долго имаат специфични „гени за долговечност“, коишто ја намалуваат веројатноста за развој на карцином за дури 11 отсто. Исто така, благодарение на нив, клетките полесно и побрзо се обновуваат, а стареењето и ефектите од пушењето се побавни.

Бројките кои неодамна ги објави Светскта здравствена организација (СЗО) покажуваат дека никотинот, сепак, убива околу половина од вкупниот број луѓе коишто го употребуваат.

СЗО затоа напоменува дека никотинот е една од најголемите закани за здравјето на луѓето со кои некогаш сме се соочиле и дека годишно од последици од пушењето умираат околу шест милиони луѓе.

Коментари

Популарно