ФОТО: Порака и 200 евра на џипот на Тамара!

Тамара Ѓуриќ пронашла две банкноти од по 100 евра под бришачот на својот „Ренџ ровер“ а на хаубата и бил испишан телефонски број со порака: Јави се!

Таа доби нешто помалку од просечната српска плата само за еден секс.

Дека парите се повик за интимно дружење може да се заклучи по пораката испишана со црвена боја на хаубата. Со оглед дека во близина немало никој кога клаберката се појавила на паркингот во Нов Белград, може да се забележи дека лицето што сака да заврши со Тамара во кревет немал време да чека. Затоа на новопечената водителка понудата и ја оставил на џипот, со бројот на телефонот и пораката да му се јави.

Иако многу девојки овие пари би ги пикнале во џеб, Тамара збесна поради оваа порака од анонимниот обожавател. Таа од автомобилот извади влажни марамчиња и се обиде да го исчисти автомобилот, но безуспешно. Потоа ги зеде еврата и ги остави на паркингот. За да не одлетаат, стави дезодоранс врз нив, седна во автомобилот и замина.

- Вакво нешто првпат ми се случува во животот, а се надевам и последен. За мене тој гест е голема глупост. Едвај го тргнав натписот од хаубата. Многу се налутив и ми е гајле дали тоа некој се шегувал. Би сакала да знам кој го направи тоа за да заклучам кој профил на луѓе се бави со вакви глупости, порача Тамара.

Коментари

Популарно