Зејн ја побара за жена Џиџи Хадид, но таа го одбила: Причината ќе ве изненади!

Новата вест која се појави денес е дека пејачот Зејн Малик ја побарал за жена својата девојка, манекенката Џиџи Хадид, но таа го одбила!

21-годишната Џиџи ја одбила понудата за брак на две години постариот Зејн под изговор дека е премногу млада за таков сериозен чекор, а и дека сака посветено да работи на својата кариера.

Блиски пријатели на Џиџи велат дека главната причина поради која манекенката не сака да се мажи во догледно време е фактот што нејзината мајка Јоланда поминала низ два тешки и непријатни разводи, па Џиџи не сака да ја направи истата грешка и сака да биде стопроцентно сигурна дека Зејн е вистинскиот.

Инаку, Зејн Малик пред една година правеше веридба со поранешната девојка, пејачката Пери Едвардс, која телефонски ја откачи токму заради Џиџи, а поранешниот пар уште се препукува на социјалните медиуми.

Коментари

Популарно