За три месеци заштедил 1000 евра со систем на три коверти

Белграѓанин на возраст од 31 година, кој работи во администрација на градежна фирма и зема плата од 42.000 динари, за три месеци заштедил 1000 евра преку систем на три коверти.

Иако ова изгледа, невозможно, сепак овој млад човек сака да остане анонимен и за српски Блиц раскажува како му успева да заштеди.

Тој до пред некој месец бил невработен и немал приходи.

„Почнав да работам во септември. Платата ми е 42.000 денари, ја земам на рака во два дела“ - раскажува и вели дека заштедил благодарение на помошта од родителите.

Белграѓанинот вели дека со некои трикови за штедење може да се собере одредена сума на пари.

Вели дека што ќе земе плата, купува евра и заборава на нив.

Пола од парите ги претворал во евра, ги ставал во коверт и не ги трошел.

Во друг коверт чува по 1000 до 2000 динари. Од тие пари зема за дневни потреби.

Кога се излегува од дома, вели дека не треба да се носат многу пари и да се има одредена дисциплина како се троши.

Советува да не се пушат цигари и тие пари кои се трошеле за цигари да се ставаат во коверт.

Младиот граѓанин од Белград раскажува дека ретко оди во кафулиња, а во ресторани руча неколку пати годишно.

Тој објаснува дека секое знаење треба да се претвори во пари, и затоа во слободно време држи часови по англиски јазик.

Од друга страна вели дека често оди на ручек кај родителите и на тој начин успева да ги намали своите расходи.

Коментари

Популарно