Пожар во скопската населба Усје - едно лице загина

Седумдесет годишната Д.Б. почина откако вчера избувнал пожар во нејзината куќа во Усје најверојатно од греалко.

Жената која била парализирана и неподвижна од чадот во просторијата се задушила и починала. Од доктор од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Пожарот бил изгаснат од екипа на БППЗ, а куќата била целосно опожарена.

По наредба на ЈО, телото на починатата е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Коментари

Популарно