(ФОТО) ЗАБРАНА ЗА АЛКОХОЛ, НАТПИСИ НА АРАПСКИ: Босна и Херцеговина полека станува исламска држава

Арапите наголемо купуваат имот во земјата, посебно во деловите населени со Срби. Продавачите се особено задоволни бидејќи цените што се нудат се трипати повисоки од реалните, а покрај земја се купуваат и станови и куќи.

Оваа година жителите на Сараево ќе ја дочекаат Новата година на централниот плоштад, исто како и претходната. Но едно сепак нема да биде исто. На прославата нема да биде дозволено да се продава и консумира алкохол. Иако ова на многумина им звучи чудно, земјата полека но сигурно почнува да живее по шеријатските закони.

За тоа се заслужни Арапите, кои наголемо купуваат имот во земјата, посебно во главниот град и во деловите населени со Срби. Продавачите се особено задоволни бидејќи цените што се нудат се трипати повисоки од реалните, а покрај земја се купуваат и станови и куќи.

Арапите се обиделе да купат имот и во херцеговскиот дел, каде што живеат претежно Хрвати, но планот не им успеал бидејќи никој не сакал да им продаде имот.

Продажбата се прави и преку посредници, а често имот се купува и на име на мешовити босанско-арапски фирми.

Згора на тоа, имињата на сите дуќани во земјата се испишани на босански и на арапски јазик.

Познавачите се согласни дека во Босна се прави нова исламска држава и дека се спроведува проект за создавање нов ентитет кој би бил наречен „муслиманија“.

Во оваа поранешна југословенска република во моментов живеат околу 40.000 Арапи. Тие во Сараево дури и имаат своја луксузна населба, која се вика Хаџиќи, а таму за другите влезот е забранет. Се состои од 160 куќи, големо езеро на средината, а се наоѓа југозападно од Сараево.

Жителите во Хаџиќи имаат посебни потреби, тие се молат и не сакаат никој да им пречи во нивните секојдневни навики.

Коментари

Популарно