ВИДЕО: Трешти музика по полноќ во Битола - граѓаните не можат да спијат

Наша читателка, која сакаше да остане анонимна, ни испрати неколку видеа од полноќниот „џумбус“ во Битола. Вели не може да се спие, бидејќи музиката од „Pub Connect“ е премногу гласна.

Таа веќе пријавила во полиција, но од таму и рекле дека локалот може да работи до 1 часот по полноќ, пред и во текот на новогодишните празници.

Новогодишнита атмосфера и празниците се убав дел од годината при кој забораваме на повеќето од проблемите, но тоа не значи дека некој треба да страда од нашето забавување.

Испратено од Анонимна

Коментари

Популарно