Заменик министерот во МВР од ДУИ покрена Кривична истрага против специјалци за тортура врз обвинетите во „Диве Насеље“!

Во тек се истрагите за полициско насилство врз припадници на кумановската група осомничена за случајот „Диво Насеље”.

Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, кој ги иницираше истрагите, во изјава за Алсат-М вели дека досега истражителите идентификувале припадник на специјалните единици кој вршел насилство врз обвинетите во „Диво Насеље”. Самиот Нухиу презел три иницијативи за расветлување на насилството, а тврди дека има и сведоци.

Од Јавното обвинителтво за Алсат-М велат дека работат на расветлување на случајот и дека досега прегледале голем број на докази кои ги оценуваат како релевантни.

Инаку, 37 припадници на кумановската група постојано се жалат на полициска тортура, а според нив, во некои случаи обвинетите не биле во состојба да седат на судските рочишта.

Коментари

Популарно