ФОТО: Миа се пофали со својот излгед и го посочи патот до виткото тело

Водителката на естрадниот магазин „Бекстејџ“, Миа Костова, на социјалните мрежи преку фотографија се пофали со своите стомачни мускули.

Да бидеме искрени, Миа изненади со оглед на тоа дека има многу обврски, а сепак се посветила на својот физички изглед.

Познатата водителка со објавената фотографијата остави и подолг коментар во кој објаснува како дошла до ваквата става.

- Последнава година упорно добивам пораки во инбокс околу симнување килограми, совршената диета, најлесниот начин, неколку пати дури бев и осудена за давање лош пример дека 'ништо не јадам'. Мразам режим зошто сакам да згрешам некогаш кога ќе ми текне, па едноставно се учите да живеете со овошје и зеленчук, а тоа, секако, не е ништо. Гурман, 'од сè сакам да си каснам' и слаб не одат во иста реченица. Општото мислење на 'ми се тресат раце ако не каснам' е само во вашата глава. Од бурек рацете не престануваат да се тресат, губите сила од глутен и зејтин, ама чаша сок направен со ладно цедење во мојата нова љубов - соковникот, на пример, ќе ве обезбеди со повеќе растителни влакна, витамини и вкус. Салата и галети се исто така дел од мојата исхрана. Варен зеленчук. И толку. Јас играм така веќе две години и не сум имала никогаш повеќе сила, енергија и хемоглобин 150. Вкусовите околу килограмите ни се различни, но теоријата е таа - стои како коментар со фотката што ја објави Костова.

Коментари

Популарно