ПЕКАРА СПЕЦИЈАЛ СО НОВОГОДИШНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ДЕЦАТА ОД “ЈУ ДОМ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ - 11 ОКТОМВРИ”

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, мотивирани од идјеата дека секој човек треба да ја почувствува топлината и среќата на новогодишните празници, вчера компанијата специјал ги изненади децата “ЈУ Дом за деца без родители - 11 Октомври”, подарувајќи им “Специјални” пакетчиња со разни производи од Специјал, како и новогодишен подарок.

“Срцата ни се испонети бидејќи денес успееме да предизвикаме барем една насмевка кај лицата кои во овој момент имаат најголема потреба од внимание и грижа. Секое дете заслужува и има право на новогодишна радост и среќа. Ќе ја искористам оваа прилика во името на нашата компанија Специјал, на сите да им  посакам најубави желби за Новата Година, како и да ги поттикнам сите оние кои се во можност, со својата хуманост да ги разубават и развеселат празниците на дечињата кои не се во можност од различни причини да се радуваат на новогодишните празници како останатите”, изјави Илија Трајковски- оперативен директор во Специјал.

Во предновогодишен амбиент и одлична атмосфера, дечињата се прошетаа низ фабриката на Специјал, а од вработените научија многу нови работи за пекарството и слаткарството. За време на заедничкото дружење децата се веселеа на изненадувањето и вниманието кое го добија од компанијата Специјал, која имаше за цел да им пружи различно од вообичаените,заедничко дружење, кое ќе остане засекогаш во сеќавањето на овие деца.

Коментари

Популарно