Ако премногу се грижите, овие болести ќе ве стигнат порано или подоцна

Грижата директно влијае на желудникот, варењето на храната, слезината и панкреасот.

Секоја лоша емоција во човечкиот организам може да предизвика разни нарушувања на органите и појава на многу болести. Човековото размислување, стравовите, напнатоста, грижата, сето тоа останува длабоко врежано во човечкиот ум и тело, што е најчесто и иницијатор за многу болести.

Помеѓу емоциите и органите постои голема поврзаност. За тоа сведочи и кинеската психологија, која е продолжение на традиционалната кинеска медицина.

Постојат пет органски системи кои им припаѓаат на одредени видови емоции. Без разлика на тоа колку човекот мисли дека некои ситници се занемарливи, тие со годините ќе се таложат некаде во организмот и ќе се манифестираат во некоја тешка болест.

Затоа, потребно е на време да ги сфатите посериозно вашите емоции и колку што е можно да си помогнете самите на себе за што побрзо да ги пребродите тешките состојби.

Чувства кои влијаат на здравјето

Анксиозност – една од емоциите која има големо влијание врз човечкиот организам. Таа се дефинира како последица на преголема грижа поради одредени причини. Анксиозноста најмногу влијае на цревата и белите дробови. Анксиозноста му одзема голем дел од енергијата на човекот и со самото тоа може да дојде до губење на здив, како и воспалителни процеси во цревата и чиреви.

Радост – ова е едно убаво чувство, но генерално, преголемото задоволство создава чувства кои директно влијаат на срцето. Радоста може многу да го возбуди човекот, а поради преголема возбуда може да се почувствуваат и некои негативни вибрации кои предизвикуваат несоница, температура и вознемиреност, како и многу силно чукање на срцето.

Тага – освен што наведува солзи на очите, таа негативно влијае врз работата на белите дробови и на циркулацијата. Многу респираторни болести и оштетени бели дробови ги предизвикува токму чувството на тага. Тагата многу влијае и на човековата психа и предизвикува депресија.

Гнев – жолчниот меур и црниот дроб најмногу страдаат кај личноста која е гневна поради некоја причина. Исто така, гневот е чувство кое може да влијае на разни биолошки процеси кои кај човекот ќе предизвикаат главоболка, како и недостаток на енергија. Исто така, гневот може да го доведе организмот до вртоглавица и зголемен крвен притисок.

Грижа – ова чувство директно влијае врз желудникот, варењето на храната, слезината и панкреасот. Кога личноста премногу се грижи поради нешто, можат да се појават болни грчеви. Органите за варење се во постојан грч кај луѓето кои многу се грижат и со самото тоа не можат нормално да ги извршуваат своите функции.

Како да останете позитивни

За човекот да се ослободи од лошите емоции и стресот потребно е да почне да работи на себе. За почеток, повеќе физички активности и избегнување на луѓе кои создаваат тензии ќе помогнат. Експертите тврдат дека човекот се чувствува многу подобро кога ќе ги сподели своите емоции, а не да ги чува во себе. Доколку личноста смета дека моментално преживува некоја длабока болка, потребно е да ја сподели со некого, да му се довери на пријател или да побара помош од психолог или психијатар.

Коментари

Популарно