ФОТО: Серена Вилијамс се пофали дека рекла ДА

Најдобрата тенисерка на денешницата, а според многумина и најдобрата на сите времиња, Серена Вилијамс преку своите профили по социјалните мрежи ја сподели среќната вест со своите фанови – таа ја прифатила понудата за брак од своето момче, ко-сопственикот на „Reddit“ Алексис Оханиан.

Американката 35-годишна тенисерка повеќе од една година се забавуваше со Оханиан, кој решил да го направи следниот чекор во врската.

„Дојдов дома малку доцна, некој ми ја имаше спакувано торбата. Превозот чекаше – дестинација Рим, да ме доведе до мојот специјален „Принц“. Таму каде што ѕвездите првпат ни се судрија, сега тој круг беше заокружен. На истата маса каде првиот пат се сретнавме случајно. Овојпат не беше случајно, туку со намера – клекна на едно колено и кажа четири збора – јас реков ДА“ – ја опиша Вилијамс целата „бајка“.

Веднаш под постот на Вилијамс на профилот на „Редит“ следеше и одговор од Оханиан: „Ме направи најсреќниот маж на светот“.

Датумот на свадба дополнително ќе биде објавен, но јасно е дека тенисерката се ближи до крајот на својата кариера и нема да биде изненадување ако во следниот период се посвети целосно на семејството, повлекувајќи се од спортот каде доминираше во изминатите години.

Коментари

Популарно