ФОТО: Голем пожар во Скопје

Во пожарот што избувна денеска околу девет часот зад „Дрводекор“ во центарот на Скопје, изгореа делови од магацин на сервис за вградување плински уреди и од барака со канцеларија.

Ѕвонко Томевски, командант на бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, за МИА за изјави дека во пожарот нема повредени лица.

– Пожарот е локализиран и во тек е расчистување на локацијата. Во пламен беше кровната конструкција, а противпожарните екипи интервенираа брзо, рече Томевски.

– Дојавата за пожарот беше во 9 часот и 15 минути, а е изгаснат за десетина минути, изјави Томевски.

Во гаснењето на пожарот беа вклучени осум противпожарни возила.

А1.он

Коментари

Популарно