Сорос во отворена војна со Трамп

Милијардерот Џорџ Сорос, прв човек на фондацијатра „Отворено општество“  отворено започна војна против новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Демократијата е во криза. Дури и САД која е водечка демократија во светот, избра аматер кој ќе биде диктаторски претседател, напиша Џорџ Сорос за Project Syndicate, пренесува The Hill.

-Иако Трамп ја смири својата реторика откако беше избран за претседател, но сепак не го промени своето однесување и советници, вели Сорос, алудирајќи и тврдејќи дека неговиот кабинет е полн со екстремисти и генерали во пензија.

Сорос тврди дека САД нема да му дозволи на Трамп да биде авторитарен лидер, па додава дека неговото претседателствување ќе ја закочи каузата за слобода низ светот.

-Уверен сум дека демократијата ќе се покаже како еластична во САД. Уставот и институциите и новинарите, се доволно силни да се спротивстави на екцесите на извршната власт, со што ќе спречат човек кој има предиспозиции за диктатор, да стане токму тоа. Сепак САД ќе бидат преокупирани со внатрешни борби во блиска иднина, а таргетираните малцинства ќе страдаат. САД ќе биде немоќна да обезбеди и промовира демократија дома и во останатиот свет, тврди Сорос.

Џорџ Сорос во своето излагање, предвидува дека Трамп ќе се смири со странските диктатори , жртвувајќи ги американските принципи на сметка на успех на неговата администрација.

-Наспроти тоа, Трамп ќе покаже големи афинитети кон диктаторите. Тоа ќе овозомжи некои од нив да најдат „пријател и дом“ во САД, а други да продолжат со диктатурата без некој да им се меша, вели Сорос.

Само минатиот месец, Сорос вети дека ќе оддели 10 милиони долари за борба против криминалот, кој го поврза со „жестоката реторика“ на Трамп, пишува The Hill.

За потсетување, голем број на НВО се организираат за да одржат масовни, а некои очекуваат и насилни протести на денот на инагурацијата на Доналд Трамп за претседател која ќе се одржи на 20 јануари. И претходно, по победата на Трамп, беа организирани протести по повод изборот на Трамп за претседател

Коментари

Популарно