Бизарно барање: Пет години после разводот славната актерка не смее да има нов партнер

Иако веќе со години се шпекулира дека актерката Кејти Холмс е во љубовна врска со Џејми Фокс, потврда за нивната врска од нив двајца се уште нема.

Како што пренесуваат странските медиуми, Кејти всушност ја крие љубовта со Џејми откако се развела од Том Круз, наводно бидејќи не смее да биде со никој во јавна врска. Токму тоа било дел од договорот за развод.

EAST HAMPTON, NY - AUGUST 24: (PREMIUM PRICING APPLIES) katie Holmes, Jamie Foxx and Colion Powell perform at the 4th Annual Apollo In The Hamptons Benefit on August 24, 2013 in East Hampton, New York. (Photo by Shahar Azran/WireImage)

Еден извор за Радар онлајн изјави дека Кејти потпишала договор во кој Том се оградил од бројни ситуации во кои таа после разводот би можела да му “наштети“ на неговиот имиџ.

Покрај останатото, таа не смее да зборува за Скентологијата и јавно да се гледа со друг маж пет години после разводот.

„Таа смее да биде во љубовна врска со други мажи, но не смее да го прави тоа јавно. Исто така не смее да зближува ниту еден нов маж со ќерката Сури, која ја доби во бракот со Том“ – изјави изворот и додава дека Кејти толку многу го сакала разводот што се согласила на сите услови.

„Кејти толку многу сакаше да излезе од тој брак што се согласи на се“ – заклучи изворот.

Парот се разведе во 2012 година, што значи дека Кејти до 2017 година ќе мора да го крие љубовниот живот далеку од очите на јавноста.

Коментари

Популарно