ВИДЕО: Снимен почетокот на крвавиот напад во Истанбул

Човек стои на улица и одеднаш паѓа покосен. Се појавува друг човек, со качулка на главата и со рафален истрел ја докрајчува својата прва жртва. Во близина стојат луѓе, и веднаш и кон нив отвора оган.

Тоа се првите мигови од нападот кој се случи за време на новогодишната ноќ во Истанбул околу 1.30 часот после полноќ, при што животот го загубија 39 лица, а ранети се повеќе од 70 луѓе. Напаѓачот бил преправен наводно како Дедо мраз и без никакво предупредување почнал да пука врз гостите во клубот.

Во ресторанот се забавувале неколку стотини луѓе, меѓу кои имало и голем број странци. Нападот траел кратко, а убиецот после крвавиот пир го напуштил местото. Објавени се фотографии на кои се гледа како напаѓачот се пресоблекува после извршениот масакр. Дел од гостите во клубот, за да се спасат, скокале во студените води на Босфор.

Пред нападот во клубот имало околу 800 луѓе кои се забавувале за Новата година. Се појавија и снимки на кои се гледа каква била атмосферата во клубот пред да се појави џелатот.

Коментари

Популарно