Убиство сред бел ден на улица во Скопје!

Убиство под неразјаснети околности во Скопје . Тело на 50 годишен маж било пронајдено на улицата „Призренска“ во Скопје.

Попладнето околу 14 часот од итната медицинска помош во Скопје, било пријавено дека при нивна интервенција на улица „Призренска“ кај Домот за стари лица имало паднато лице. Се работи за лице со иницијали Д.И , вработен во фирма лоцирана на улица „Призренска“, каде бил пронајден мртов.

Според кажување на доктор од брзата помош смртта настапила како последица од удар со тврд предмет во пределот на главата.

По наредба на Јавното обвинителство телото е предадено за обдукција. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Коментари

Популарно