Анџелина бега од Бред Пит - се сели во Камбоџа!!!

Откако во септември поднесе барање за развод од Бред Пит по десет години љубов и две години брак, Анџелина Џоли очајннички сака да ги прекине сите врски со колегата и до неодамна животниот партнер.

arrives at the 18th Annual Screen Actors Guild Awards at The Shrine Auditorium on January 29, 2012 in Los Angeles, California.

Холивудската актерка планирала со децата да се пресели во Лондон за што помалку да го гледа Бред Пит, но сега наводно се предомислила и, сепак, се одлучила за Камбоџа, пишува американскиот портал „Радар онлајн“.

Тоа е, им се пожалила на пријателите, единственото место на светот коешто нема да ја потсетува на љубовниот бродолом. Се шпекулира дека Анџелина сака да живее во традиционалната куќа на пространиот имот во градот Батембанга среде џунглата во Камбоџа.

Бред неодамна ги иселил сите работи од вилата во Њу Орлеанс, која своевремено ја купи со Анџелина, а наскоро ќе се продаде и Миравал, раскошниот дворец во Франција, каде што двојката и се венча во 2014 година.

Анџелина во 2002 година токму во сиропиталиштето во Батембанга го посвои првиот син, тогаш седуммесечното момче Медокс Чивана. Пред тоа во Камбоџа беше два пати – кога го снимаше филмот „Лара Крофт Томб Рајдер“ и потоа како амбасадорка на УНХЦР.

Медокс го посвои со тогашниот сопруг, актерот Били Боб Торнтон. Двојката три месеци подоцна се разведе.

Коментари

Популарно