(ВИДЕО) Истрага по снимката каде полицијата брутално тепа луѓе

Видео снимка во која се гледа како полицајци малтретираат луѓе и деца од едно муслиманско племе со бенгалско потекло, ги покрена властите на Мјанмар да започнат истрага против полицајците кои се гледаат на снимките.

Во видеото с е гледа како полицијата брутално ги удира припадниците на заедницата Рохи , обесправени муслимани и најзагрозена група на луѓе во светот.

Инцидентот се случил на 5 ноември минатата година, само два дена откако делегација на ОН го посетила овој регион. Снимката ги преплави социјалните мрежи.

Од тој момент е забрането медиумите да го посетуваат овој регион. Невладините организации тврдат дека во воените операции се убиени 400 припадници на оваа заедница кои сочинуваат пет проценти од вкупното население.

Во Мјанмар живеат 60 милиони луѓе, главно будисти. Од 2011 година тие се определиле за демократски режим на владеење.

Коментари

Популарно