Возило во движење се запали на патот Крива Паланка-Куманово

Автомобил „Форд галакси“ утрово се запали во движење на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, кај местото Цетал, близу село Страцин.

Пожарот настанал од краток спој на инсталацијата на автомобилот во кој патувале две лица, возачот и една сопатничка. Возачот кој е на околу 50-годишна возраст изјави дека инсталацијата е причина за пожарот кој ја пеплоса колата, а се што успеал да направи е да го остави крај патот и да се спасат.

На лице место излезе екипа на Територијалната противпожарна единица од Ранковце со двајца пожарникари. Автомобилот целосно е изгорен, а патниците се без никакви повреди и изгореници.

Коментари

Популарно