Една година без дезедоранс – Еве што се случува

„Лајфстајл“ блогерката Елис Браутигам спровела експеримент во кој веќе една година не користи дезедоранс.

Дезедорансите, без разлика дали се во крема, стик или спреј – во последните 30-тина години се неизоставен дел од хигиенските ритуали на многу луѓе. Според истражувањата, луѓето во просек трошат од 4 до 5 дезедоранси годишно, а постојат и такви кои сметаат дека нивното користење е штетно за здравјето. Сепак, експертите тврдат дека дезедорансите можат безбедно да се користат и да уживаме во нивните мириси ако се придржуваме до едно правило и избегнуваме алуминиум во нивниот состав.

Но, Јутјуб блогерката Елис Браутигам (22) цврсто одлучила дека ќе се обиде да „преживее“ без дезедоранс поради страв дека неговото користење може да се поврзе со појава на рак на дојката.

Последен пат користела дезедоранс во октомври 2015 година и не го користи повеќе од една година. „Не смрдам, ве уверувам во тоа. Но, морам да признаам дека во исто време воведов и други животни промени, па го исфрлив месото од исхраната. Сигурна сум дека тоа има влијание на миризбата на потта“, им порачала на своите гледачи.

Таа верува дека има минимален телесен мирис бидејќи здраво се храни, а не мириса ниту по вежбањето во теретана. Таа живее на Хаваите и вели дека сосема нормално се поти, а одлучила да го остави дезедорансот поради страв од рак на дојката кој е чест во нејзиното семејство.

Мирисате онака како што се храните

Силната, зачинета храна, сувомеснатите производи, алкохолот, кофеинот и никотинот и некои лекови можат да влијаат на мирисот и количината на пот. Тоа е затоа што преку потта телото се ослободува од штетните материи.

Во синтетика телото повеќе се поти

Ако облеката ја впила потта, од неа ќе се шири непријатна миризба и покрај дезедорансот. Во синтетичката облека потењето е многу посилно отколку во облека од природни влакна. Поради тоа, Елис најчесто користи исклучиво памук, вискоза и лен.

Кристалниот камен е антипеспирант

Природниот кристален део – камен е природна минерална сол. Тој се навлажнува со вода и се нанесува под пазувите. На кожата испушта микрослој минерална сол која делува антибактериски и ги намалува мирисите и Елис вели дека тоа е единствениот прифатлив облик на дезедоранс, иако ниту него не го користи.

Коментари

Популарно