(ФОТО) Проговори жената на која Џорџ Мајкл ѝ донираше пари за вештачко оплодување

Жената, на која прерано починатиот пејач Џорџ Мајкл уште пред девет години анонимно ѝ уплатил 9.000 фунти на банкарската сметка за да може да оди на вештачко оплодување, му оддала почест на музичарот палејќи свеќи и положувајќи цвеќе пред неговиот дом во Оксфордшир.

Жената се вика Линет Гилард и сè до ненадејната смрт на Џорџ на самиот Божик не знаела дека токму тој бил доброчинителот кој ѝ го променил животот.

Поранешниот сопруг на Линет во 2009 година се пријавил во ТВ-квизот Deal or No Deal“, надевајќи се дека ќе ја освои главната награда и ќе и ја даде на сопругата. Иако немал среќа, ден потоа Џорџ Мајкл им се јавил на продуцентите и им рекол дека на двојката ќе им донира пари, но под услов неговото име никогаш да не протече во јавноста.

– Тој е мојот ангел и ќе му се одолжам за се што направи за мене. АКо даде Господ, наскоро ни пристинува бебе и сигурно ќе се вика Џорџ, во негова чест, па макар тоа морало да биде средно име или женска изведенка во случај да родам девојче. На породувањето ќе слушам само песни на Џорџ Мајкл. Го обожавав целиот живот и ќе биде убав гест да се донесе на свет ново суштество со тој божествен глас – изјавила инструкторка по фитнес.

Таа додала дека го години безуспешно се обидувала да забремени, а благодарение на донацијата на Џорџ Мајкл конечно дознала во што бил проблемот. Со парите коишто Џорџ Мајкл анонимно и ги дал, Линет ги платила скапите тестови кои откриле дека ниту еден третман на вештачко оплодување не и успеал бидејќи нејзиниот имунолошки систем ги напаѓал всадените ембриони.

Коментари

Популарно