(ФОТО) Еден детаљ не го менува: Пипи Долгиот Чорап денес има 57 години!

Кога ја доби улогата на Пипи Долгиот Чорап, шведската актерка Ингер Нилсон имала само осум години. Денес има 57 години и работи како секретарка.

Сериите и филмовите за Пипи се снимани сега веќе далечните 1969 и 1970 година, Иако поминале многу години, Ингер Нилсон и денес ја препознаваат многумина, поради карактеристичната насмевка и љубопитливиот поглед.

Ингер и подоцна се појавувала во неколку серии и филмови. Во 2000 година го снимила „Gripsholm“ на режисерот Хавиер Колер, а седум години подоцна глумела во германската ТВ-серија „Der Kommissar und das Meer“, пишува „Индекс.хр“.

Исто така, се појавила и во популарното шведско реално шоу „Kändisdjungeln“, а минатата година го снимила филмот „The Here After“. Денес работи како секретарка во една компанија и среќно е мажена.

Коментари

Популарно